Nuray Tunçay
15 Април 2016•Ажурирај: 17 Април 2016
ЕДРЕНЕ (АА) - Возилото на електричен погон „Pehlivan Elektrak“, изработено од страна на студенти од факултетот по инженерство од Универзитетот Тракија, во промотивни цели ќе излезе на балканска турнеја, јавува Anadolu Agency (AA).
На натпреварот организаиран од страна на ТУБИТАК (Научно-технолошкиот истражувачки совет на Турција) за алтернативни извори на енергија, возилото кое ја доби наградата за „Најдобар дизајн“, на 19-ти април ќе ја започне својата балканска турнеја.
На 20 април екипата на проектот ќе ја изврши својата прва презентација на техничкиот Универзитет во Софија, по што својот пат го продолжува во Грција, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.
Возилото на електричен погон, кое е проект на 16 студенти од факултетот по инженерство од Универзитетот Тракија, тежи 190 килограми и постигува брзина од 110 км/ч. Литиумските батерии од кои со електрична енергија се снабдува возилото се полнат за 40 минути и со батерија од 3 киловатчаса може да премие околу 100 километри. Ова возило за 75 круша (15 денари) може да помине 100 километри.