Özüm Yalkın
24 Септември 2016•Ажурирај: 25 Септември 2016
ИСПАРТА (АА) - Инженерите од турскиот универзитет, Сулејман Демирел, развија робот кој без допир од рака може да донесе храна за пациентите, а во исто време и стерилизирана опрема, јавува Anadolu Agency (AA).
Имено, турското Министерството за наука, индустрија и технологија, на шест инженери кои дипломираа на Универзитетот во Измир, Сулејман Демирел, за овој проект, одобри буџет од 100.000 турски лири (31,2 илјади евра).
Раководителот на проектот Ферди Aлакус рече дека минатата година дипломирал електроинженерство и дека за време на студентските денови со своите колеги работеле на голем број проекти, кога станува збор за технологија на роботи.
По дипломирањето, тие одлучиле да работат на индустриските роботи, по што со своите пет колеги основале компанија.
Кога е во прашање овој проект, Aлакус додаде дека станува збор за робот кој може да се командува преку телефон, додавајќи:
„Роботот може да се користи во болниците во носење на јадење за пациентите, но исто така и за транспорт на било каква стерилизирана медицинска опрема."