Arife Yıldız Ünal
28 Ноември 2017•Ажурирај: 28 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Статистичките податоци покажуваат дека од 2012 година наваму, Турција е земја со најголем број остварени мобилни телефонски разговори во Европа, а втора, со 295 минути (разговор на лице на месечно ниво) е Република Македонија, после која следува Италија со 271, а четврта е Романија со 270 минути, јавува Anadolu Agency (AA).
Во последно време, луѓето голем дел од своето драгоцено време го губат во телефонски разговори, благодарение на мобилната технологија којашто ни овозможува пристап до секој дел од светот. Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека технологијата наместо да ни го олесни животот, нѐ одвојува од него”, сакајќи да ја истакне прекумерната употреба на мобилните телефони, што се отсликува и врз статистиката.

Според податоците до кои дојде АА, во вториот квартал оваа година, во Турција биле остварени 96 отсто од повиците. Во моментов, во Турција има 76.616.147 претплатници на мобилни телефони.
- Мобилниот сообраќај ја достигна бројката од 64 милијарди минути -
Во вториот квартал, во Турција е остварен телефонски сообраќај од 63,84 милијарди минути на мобилен телефон, додека во фиксниот сообраќај се остварени околу 1,91 милијарда минути. Споредено со првиот квартал, во сообраќајот на мобилен телефон е забележан раст од 6,5 отсто, додека во фиксниот сообраќај забележан е пад од 9 отсто. На мобилната телефонија отпаѓа 93,2 отсто од вкупниот остварен сообраќај.
Во вториот квартал оваа година, во Турција, секое лице зборувало 441 минута месечно во просек, што споредено со земјите од Европа, претставува најголема минутажа на разговори на европскиот континент.
Од 2012 година наваму, Турција е земја со најголем број остварени мобилни телефонски разговори во Европа. Втора, со 295 минути е Македонија, следува Италија со 271, а четврта е Романија со 270 минути.
Должината на разговорите на претплатниците на мобилен телефон во Европа изнесува 251 минута во просек.