Emre Gürkan Abay
28 Ноември 2017•Ажурирај: 28 Ноември 2017
МОСКВА (АА) - Федералната руска вселенска агенција, Роскосмос, соопшти дека не може да воспостави контакт со сателитот Метеор М, лансиран пред неколку часа од базата Восточни (Источен) во Русија, и дека сателитот не влегол во орбитата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Роскосмос се наведува дека не може да се воспостави контакт со сателитот Метеор М, кој денес, пред неколку часа е лансиран од базата Восточни, која се наоѓа на границата меѓу Русија и Кина.
Според ова соопштение, сателитот не влегол во орбитата поради проблем со некои делови на моторот. „Се претпоставува дека сателитот најверојатно паднал во океанот“, се вели во ова соопштение.
Русија денес лансираше 18 сателити, меѓу кои и Метеор М.