Emel Öz Gözellik
28 Ноември 2017•Ажурирај: 29 Ноември 2017
АНКАРА (AA) - Научниците тврдат дека лицата кои живеат во места каде што просечната температура е 22 степени, се подружељубиви и пољубезни, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во ова истражување реализирано од страна на научници од Австралија, САД, Кина и Велика Британија, учествуваа над 1,6 милиони лица од различни земји.
Учесниците направија тест на личноста. Потоа беа споредувани резултатите на учесниците според регионите каде што живеат. Според истражувањето, откриено е дека лицата што живеат во места каде што просечната годишна температура е 22 степени, имаат приспособлива, општествено совесна личност, и се отворени за нови искуства.
Проф. Самуел Гослинг од Универзитетот Мелбурн во Австралија, истакна дека лицата што живеат во поблага клима почесто излегуваат надвор и повеќе се социјализираат.
Гослинг нагласи дека наодите можат да помогнат во откривањето на различните лични карактеристики на лицата што живеат во земјите со ладна и топла клима.
Резултатите на истражувањето се објавени во списанието „Nature Human Behaviour“.