Can Erözden
05 Декември 2017•Ажурирај: 07 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот универзитетски професор, Ердал Арикан, доби престижна награда поради неговата улога во развојот на кодирањето, кое ќе одигра клучна улога во 5G телекомуникациите, јавува Anadolu Agency (AA).
Професорот Арикан, од Катедрата за електроника и електротехника при универзитетот Билкент, ја доби наградата „Richard W. Hamming“ за 2017 година којашто ја доделува Институтот за електроника и електротехника (IEEE), поради својот успех на полето на 5G технологијата.
Наградата им се доделува на оние лица кои дале значаен придонес за информациските системи и технологии.
Арикан, кому наградата ќе му биде врачена во мај, беше избран за неа поради откривањето на „поларното кодирање“, со коешто ќе се зголеми капацитетот на 5G интернет уредите.
5G технологијата треба да се пушти во 2020 година, а кинеската компанија за телекомуникации, „Huawei“ (Хуавеи), го усвои поларното кодирање како дел од глобалниот стандард на новата технологија, кое ќе ја намали енергетската потрошувачка на чипот и ќе ја подобри сигурноста на безжичните комуникации.
Професорот Арикан поради својата работа во областа на поларното кодирање е награден и во 2010 и 2013 година.