Amina Zorniç
20 Јануари 2016•Ажурирај: 21 Јануари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Студијата објавена во американското научно списание "Environmental Science" вели дека снегулките кои наизглед делуваат нежни и убави сепак не се толку чисти, јавува Anadolu Agency (AA).
Тим од научници ги анализирал снегулките и открил дека како што паѓаат во урбаните средини, тие ги апсорбираат токсичните и канцерогени супстанции кои ги исфрлаат автомобилите.
Интеракцијата помеѓу загадувачите и снегот на ниски температури може да предизвика и ослободување на нови отровни соедниненија, тврди професорката по хемија и атмосферски науки при универзитeтот "McGill" во Канада, Париша Арија.
„Таквите појави се најопасни за децата кои при зимските игри сакаат да јадат снег”, истакна Арија.
Како што кажа Арија, истражувачите ги испитувале снегулките во чија близина, во времетраење од еден час, имало канцерогени хемиски честитки, при што е откриено дека присуството на тие хемикалии во снегот драстино се зголемило како одминувало времето.
Истражувањето наведува дека загаденоста на воздухот расте откако таквите снегулки, т.е снегот ќе се истопи.