Dilara Hamit
04 Јули 2019•Ажурирај: 06 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Научниците открија начин да ги предизвикаат канцерогените клетки да почнат самите себе да се уништуваат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Истражувањата покажале дека одреден ген, познат како MYC, предизвикува претворање на туморите во различни видови канцер кога мутираат. Научниците пронајдоа нова патека која функционира како партнер на MYC, која може да биде негова Ахилова пета.
Откритието го вклучува протеинот наречен ATF4, кој, кога се блокира, предизвикува клетките од туморот да умираат од преголем стрес.
Укажувајќи на можен алтернативен пристап преку таргетирање на самите протеини ATF4, преку што двата сигнални патишта се спојуваат, студијата вели дека со тоа се намалуваат шансите за ракот да преживее.
Научниците од тимот, предводени од Константинос Куменис, велат дека откриле како да одат уште понатаму, односно да го блокираат растот на туморот на тој начин што клетките на канцерот не би можеле лесно да избегаат.
„Ова ни го покажува потенцијалното влијание на таргетирањето на ATF4 во туморите зависни од MYC, нешто што веќе го истражуваме“, истакна Фивен Тамеир, еден од истражувачите.
Научниците се обидуваат да откријат како функционира ATF4, со надеж за спроведување понатамошни истражувања на тоа поле.
Според Светската здравствена организација, ракот е втората водечка причина за смрт во светот, со околу 9,6 милиони смртни случаи во 2018 година, односно, речиси еден од шест смртни случаи во светот се должат на ракот.
Истражувањето е објавено оваа недела во списанието „Nature Cell Biology“.