Zehra Ulucak
08 Февруари 2019•Ажурирај: 09 Февруари 2019
АНКАРА (АА) – Научниците делумно обновиле ампутирани екстремитети, зглобови и коски кај глувци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според списанието „Њу сајанс“, истражувачите од Универзитетот „Тексас А&М“, во нивните експерименти врз глувци, со користење на протеините BMP2 и BMP9 со растечки фактори, успеале делумно да ги обноват оштетените или искинатите екстремитети и зглобови.
Истражувачите, со инјектирање протеини за раст во коренот на ампутиран ножен прст обезбедиле раст на коските и зглобовите.
Во претходните студии, и покрај тоа што бил постигнат раст на коската, но, создавањето на коскеното, зглобното и 'рскавичното ткиво тогаш изостанало.
И покраj тоа што методот не успеа да регенерира целосен ножен прст, забележано е дека со интегрирањето на новоформираните коски во коскената структура биле формирани покомплетни зглобни структури.
Забележано е дека над 60 проценти од новоформираните коски во рок од 3 дена формирале 'рскавичен слој.
Научниците истакнаа дека резултатите добиени во експериментот, во иднина ќе бидат искористени за третман на болести, како што е калцификација кај луѓето, со тоа што наместо трансплатација на 'рскавични клетки ќе може да се произведува 'рскавица од сопствените клетки.
Резултатите од студијата беа објавени во списанието „Nature Communications“.