Истражување: Алжир, земја со најлоша кибербезбедност
Првите 10 од 60-те земји во светот кои се наоѓаат во најлоша состојба, од аспект на кибербезбедноста се Алжир, Индонезија, Виетнам, Танзанија, Узбекистан, Бангладеш, Пакистан, Белорусија, Иран и Украина.
Ankara
АНКАРА (АА) - Првите три земји во светот кои се наоѓаат во најлоша состојба, од аспект на кибербезбедноста се Алжир, Индонезија и Виетнам, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во веста на интернет-страницата „Quartz India“ се наведува дека според истражувањето на британската компанија „Comparitech“, првите 10 од 60-те земји во светот кои се наоѓаат во најлоша состојба, од аспект на кибербезбедноста се Алжир, Индонезија, Виетнам, Танзанија, Узбекистан, Бангладеш, Пакистан, Белорусија, Иран и Украина.
Ова истражување откри дека Бангладеш, Нигерија, Иран, Танзанија и Кина се првите пет земји во кои мобилните телефони најмногу се погодени од малициозни софтвери.
Меѓу земјите во кои десктоп-компјутерите се најмногу погодени од малициозни софтвери се Алжир, Белорусија, Украина, Азербејџан и Индонезија.
Од друга страна, првите пет земји кои имаат најдобра кибербезбедност се Јапонија, Франција, Канада, Данска и САД.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.