наука и технологија

Пушачите се соочуваат со два до четири пати поголем ризик од мозочен удар

„Ризикот од мозочен удар кај пушачите е за два до четири пати поголем во однос на лицата кои престанале да пушат 10 и повеќе години“

Ayşe Şensoy Boztepe  | 09.02.2019 - Обновена : 10.02.2019
Пушачите се соочуваат со два до четири пати поголем ризик од мозочен удар

Ankara

АНКАРА (АА) - АЈШЕ ШЕНСОЈ БОЗТЕПЕ -

Професор д-р Шерефнур Озтурк, продекан на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Селчук“ и претседателка на Асоцијацијата на невролози на Турција, даде изјава за АА по повод Светскиот ден на бојкотирање на цигарите.

Проф. д-р Озтурк истакна дека е докажано дека употребата на цигари негативно влијае врз сите здравствени параметри во човечкиот организам, но дека тоа особено е изразено врз заболувањата на срцето, мозокот и крвните садови. „Ризикот од мозочен удар кај пушачите е за два до четири пати поголем во однос на лицата кои престанале да пушат 10 и повеќе години“, рече д-р Озтурк.

За лицата кои се жртви на пасивно пушење, проф. д-р Озтурк рече дека кај поединците коишто се жртви на пасивно пушење, ризикот од цереброваскуларни заболувања е за 30 отсто поголем.

Проф. Озтурк истакна дека во светот продолжуваат да се водат успешни кампањи за намалување и целосна елиминација на употребата на цигарите и тутунот, додавајќи дека самостојната борба на поединецот за прекинувањето на употребата на цигарите, не е прашање кое може успешно да го спроведе, потенцирајќи дека во однос на тоа прашање, од големо значење е соработката на сите релевантни полиња во општеството.

Таа истакна дека прв услов во борбата против употребата на цигарите е информирањето и медиумската поддршка, додавајќи дека, почнувајќи од детската возраст, потребно е на луѓето да им се образложат штетните последици на тутунот и неговите производи и патиштата на борбата со нив.

Проф. Озтурк предупреди на потребата, компаниите кои произведуваат и дистрибуираат цигари, на опаковките и на продажните места да употребуваат предупредувачки симболи.

„При нивното користење, потребно е да се воспостават цени и даноци кои би биле разубедувачки. Покрај организирањето состаноци и активности за штетноста на цигарите во училиштата и работните простории, потребно е да се прикажат алтернативни можности и модели на здрав живот. Како додаток на ограничувањата во одредени подрачја, потребно е формирање на мултидисциплинарни системи за поддршка, со кои би се преземале мерки насочени против лесниот пристап до цигарите, нивната широка застапеност, со цел да се спречи започнувањето на користење цигари, но и да се елиминира употребата.“

- „Употребата на електронската цигара го олеснува враќањето кон пушењето“ -

Осврнувајќи се кон сѐ пораширената употреба на електронските цигари, проф. Озтурк информираше дека денес има над 150 вида електронски цигари.

Истакнувајќи дека денес нема доволно научни податоци за безбедноста на електронските цигари, проф. Озтурк ја даде следната проценка „Употребата на електронската цигара го олеснува враќањето кон цигарите. Го отежнува процесот на прекинување на пушењето, особено во училиштата и кај поединците на возраст под 18 години, меѓу кои е широко распространета.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.