Zehra Melek Çat
11 Јануари 2021•Ажурирај: 13 Јануари 2021
КОЊА (АА) - ЗЕХРА МЕЛЕК ЧАТ –
Првата турска вакцина заснована на технологијата „mRNA“, развиена на Универзитетот „Селчук“, се планира да биде достапна во текот на летото, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Турција на универзитетите „Еге“, „Селчук“, „Ерчијес“, „Мехмет Али Ајдинлар“, „Аџибадем Ламбед“, „Анкара“, „Богазичи“ и Центарот за биомедицина и геном во Измир продолжуваат работите за развој на вакцината против Ковид-19.
Директорот на проектот за развој на вакцини на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Селчук“, доц. д-р Надир Кочак, во изјавата за дописникот на АА рече дека технологијата „mRNA“ е нова технологија во светот, како технологија за вакцини од 3-та генерација.
Изразувајќи дека како Оддел за медицинска генетика на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Селчук“ работат на вакцини против рак, Кочак истакна дека започнале студии за развој на вакцини против Ковид-19.
Нагласувајќи дека продолжуваат со студиите за вакцини што ги започнале во јуни минатата година, Кочак рече:
„Очекувавме дека групите што работат со технологија „mRNA“ најпрвин ќе го завршат процесот на вакцинација. Ние ги направивме подготовките во таа насока и се обидовме да ги следиме овие групи. Нашата најголема цел беше оваа технологија да ја донесеме кај нас. Веднаш откако започнавме, ги решивме недостатоците. Ги создадовме своите дизајни. Почнавме да работиме околу осум месеци по ‘БајоНТех‘ и ‘Модерна‘. Иако на почетокот ова се гледаше како неповолна положба, започнувањето доцна ни даде можност да ги следиме најновите публикации за стабилноста на вирусниот протеин во светот. Видовме какви дизајни прават реномираните институции. Напредувавме за да развиеме постабилна и поефикасна вакцина.“

Велејќи дека се обидуваат да развијат молекула со ефективни резултати, Кочак рече дека додале нови низи за да ги намалат трошоците.
- „За вакцината што ја развиваме ќе нема потреба од ладен ланец“ -
Посочувајќи дека технологиите „mRNA“ треба да се транспортираат под одредени топлински услови, Кочак рече:
„Особено вложивме напори за создавање стабилни и ефективни молекули наместо каква било молекула. За вакцината што ја развиваме нема да има потреба од ладен ланец. Продолжува со работа со молекула која може 6 месеци да издржи на собна температура. Во лабораторијата на Универзитетот ја развивме првата „mRNA“ вакцина на Турција. Пред 1,5 месец започнавме вакцината експериментално да ја тестираме на животни. Одиме кон последната фаза од испитувањата кај животни. Освен тоа, дизајниравме 3 различни прототипови вакцини. Завршени се и нивните синтези. Најефикасната за 1,5-2 месеци ќе започнеме да ја тестираме кај луѓе. Имаме за цел да создадеме вакцина отпорна на топлина. Нашата цел е во текот на летните месеци вакцината да ја ставиме во служба на човештвото.“
- „Светлата во нашата лабораторија не се изгаснати веќе 6 месеци“ -
Наведувајќи дека фазните студии биле кратки поради епидемискиот процес, Кочак изјави дека сите вакцини биле одобрени за итна употреба во третата фаза.

Објаснувајќи дека овие вакцини можат да се приспособат во дози повторно за 2-3 години, Кочак рече:
„Во моментов, претпазливо продолжува како 2 дози. Слично ја направивме и првата вакцина на животни. Втората доза ќе ја примениме по 2 недели. Нашиот тим работи со голема посветеност. Светлата во нашата лабораторија речиси и да не се изгаснаа веќе 6 месеци. Нашата цел е во можна друга епидемија да создадеме тим што може да произведе вакцина заснована на „mRNA“, технологија од светски размери.“