Rabia İclal Turan
12 Јуни 2020•Ажурирај: 13 Јуни 2020
АНКАРА
Вакцината која против Ковид-19 е развиена од истражувачите во Данска, се покажа ефикасна во тестирањата направени кај глувци, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Тим на истражувачи од Катедрата за имунологија и микробиологија на Универзитетот во Копенхаген „достигна важна пресвртница“, се вели во соопштението на Универзитетот.
Во извештајот се вели дека веќе два месеци тестираат вакцина против Ковид-19 врз модели на глувци и дека резултатите се „ветувачки“.
„Ја тестиравме вакцината врз модели на глувци и постигнавме позитивен имунолошки одговор. Тоа претставува важен чекор“, рече проф. Али Саланти, кој го предводи тимот.
„Откако беа вакцинирани, глувците произведоа големи количества антитела кои можат да го неутрализираат Ковид-19“, се вели во соопштението.
„Истражувачите планираат првите клинички испитувања врз луѓе да ги започнат во текот на следните шест месеци“, се додава во соопштението.