Admir Fazlagic
12 Јуни 2020•Ажурирај: 13 Јуни 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 164 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи во земјата со овој вирус се зголеми на 3.701, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа се потврдени 2 смртни случаи, со што вкупната бројка на смртни случаи предизвикани од последиците од Ковид-19 се искачи на 171.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти, а вкупната бројката на оздравени пациенти се искачи на 1.694.
Според податоците од Министерството за здравство, во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1836.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.045 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања на овој вирус.
Потсетуваме дека Владата на Република Северна Македонија донесе заклучок да се воведат засилени контроли и мониторинг во таргетирани подрачја, наместо повторно воведување полициски час, што беше предложено од Комисијата за заразни болести.
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во денешното обраќање до јавноста соопшти дека нема потреба за воведување нова вонредна состојба, а на 30 мај објави вонредна состојба во трање од 14 дена. Вонредната состојба во земјата за првпат беше воведена на 18 март во рамките на борбата против ширењето на коронавирусот.