Fuat Kabakçı
04 Мај 2017•Ажурирај: 05 Мај 2017
ПЕКИНГ (АА) - Кинеските научници го произведоа првиот фотонски квантен компјутер во светот, кој може да пресметува септилиони податоци во секунда, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на весникот „China Daily“ (Кина дејли), компјутерот произведен од страна на Кинеската академија на науките ќе се користи во области каде што интензивно се обработуваат податоци, како во временски прогнози, медицина и трговија.
Кај класичните компјутери, структурата на меморијата ја сочинуваат битови со вредност 1 и 0, додека квантните компјутери во исто време ги користат двете вредности.
Пан Џиенвеј, експерт од Кинеската академија на науките, истакна дека споменатите комјутери можат да пресметаат септилион податоци во секунда, и се многу побрзи од постоечките супер комјутери, а овие компјутери до 2020 година ќе го задржат нивниот епитет „најбрз компјутер“.
Според експертите, квантните компјутери во некои аспекти ги ставаат во сенка суперкомпјутерите. Како пример, суперкомпјутерите можат да ги прочитат книгите во една билиотека една по една, а фотонските квантни компјутери можат да ги прочитаат сите книги одеднаш.
Технолошките гиганти како „Google“ (Гугл), „Microsoft“ (Мajкрософт), и „IBM“ (ИБМ) прават истражувања во областа на квантните компјутери.