Турција минува на една нова фаза во технологијата на беспилотни воздушни летала
Göksel Yıldırım
07 Мај 2017•Ажурирај: 08 Мај 2017
Ankara
АНКАРА (АА) - Турција минува на една нова фаза во технологијата на беспилотни воздушни летала. Автономните дронови-камикази опремени со алгоритми од вештачка интелегенција кои ќе се користат за набљудување и откривање, ќе можат колективно да се движат и да вршат операции, јавува Anadolu Agency (AA).
Компанијата „Одбранбени технологии и Инженерство (СТМ)“ која нуди услуги за Турските вооружени сили како системско инженерство, техничка поддршка, проектно менаџирање, технолошки трансфери, логистика, со нејзините последни истражувања во областа на технологијата на беспилотни воздушни летала ќе ја доведе Турција до едно различно ниво.
Производите кои поседуваат супериорни тактични карактеристики произведени од страна на турските инженери, ќе бидат употребувани во асиметрична војна, во борба против тероризмот и во безбедносни операции.
Се очекуваат овие дронови именувани „Alpagu“ (Алпагу), „Kargu“ (Каргу) и „Togan“ (Тоган), оваа година да бидат пуштени во употреба.
„Alpagu“ може да се користи автономно или мануелно, додека од „Togan“ и „Kargu“ се разликува со тоа што има фиксни крила. „Alpagu“, кој е леснo и компактнo летало, за 45 секунди може да биде подготвено за употреба од страна на само едно лице. „Alpagu“ може да врши набљудување и истражување.
Дронот „Kargu“ има карактеристики за навигација со висок перформанс, и може да погоди и цели кои се во движење. „Kargu“ поседува ротациони крила направени за дневни и ноќни операции, многу прецизно ги погодува целите со што ги минимализира случајните штети. „Kargu“ поседува карактеристики слични на „Alpagu“ како автономното или мануелното управување. Исто така, овој дрон поседува карактеристики како ласерски пронаоѓач на одредена далечина и итна деструкција.
„Togan“ со помош на високо перформансни карактеристики на летање автономно може да ги открива, дијагностицира, следи и категоризира објектите. Овој дрон е произведуван за да постигне највисок успех во откривање и набљудување со помош на зголемен оптички зум за 30 пати. Без имање потреба за оператори „Togan“ ќе може да полета, автоматски да ги идентификува и категоризира заканите во движење или стационирани закани. Овој дрон ќе се користи во дневните и ноќните операции.
Овие дронови ќе бидат изложени во 13. Меѓународен саем на одбренбена индустрија (ИДЕФ 2017).