Ömer Aydın
16 Август 2017•Ажурирај: 16 Август 2017
ВАЛАНС (АА) - На затворениците во затвор во југоисточна Франција со дрон им е доставен куфер со непозната содржина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Француското радио „Bleu“ јавува дека во времето предвидено за рекреација и за одмор на затворениците во кампусот на затворот во градот Валанс, се спуштил дрон за којшто бил врзан куфер.
Затворските чувари успеаја да го срушат и да го запленат дронот дури кога тој повторно полетал за да го напушти затворскиот простор.
Полицијата до денес не успеа да го најде куферот и да открие што имало во него, а со помош на снимки од камерата инсталирана на дронот се обидува да открие кој од затворениците ја примил пратката.
Во Франција честа е појавата роднините и пријателите на затворениците да се обидат преку оградата да префрлат одредени нешта кои се забранети во тие установи, но ова е прв случај пратката да биде донесена со помош на дрон.