Ekipa
12 Август 2017•Ажурирај: 13 Август 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Жителите на шпанската Барселона се собраа денес на градската плажа за да го изразат незадоволството од неконтролираниот раст на масовниот туризам во оваа популарна туристичка дестинација, јавува Anadolu Agency (АА).
Протестот беше организиран од група локални жители наречена „Опоравете ја плажа за сите!“. Тие тврдат дека приливот на туристи предизвикал раст на цените на изнајмувањето и довело до лошо однесување на туристите кои доаѓаат тука само за забава.
Тензиите се зголемија меѓу владата и радикалните левичари кои водеа кампања против масовниот туризам во Барселона, и во други делови на Шпанија.
Шпанија е земја со 46 милиони жители, а прими 75,3 милиони туристи минатата година. Бројот на туристите е зголемен за 12 отсто во првите шест месеци од оваа година. Туризмот инаку сочинува 11 отсто од шпанскиот бруто домашен производ.