Gülbahar Sayım
07 Декември 2016•Ажурирај: 08 Декември 2016
БАМАКО (АА) – Околу 93 затвореници избегаа за време на нападот што се случи во затвор во Мали, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставник на обезбедувањето, кој сакаше да биде анонимен, во својата изјава за АА рече дека вооружени лица извршиле напад во затворот во Нионо, во централниот дел на државата.
Според него, најмалку еден вработен во затворот го изгуби животот, две лица се повредени, а 93 затвореници избегале од затворот.
Воени извори соопштија дека безбедносните сили започнале операција во регионот, во која се фатени тројца од избеганите затвореници.
Сведоци тврдат дека некои од напаѓачите носеле воена униформа.
Нема информации во врска со идентитетот на напаѓачите.