Ekipa
01 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
ДУБАИ (АА) - Вооружени напаѓачи упаднале во затвор во Бахреин, при што убиле чувар и ослободиле затвореници осудени за тероризам, пренесува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за затворот Џав, јужно од главниот град Манама, каде што престојуваат осуденици за тероризам и политички затвореници.
Министерството за внатрешни работи на Бахреин не го наведе точниот број на избегани затвореници.
Бахреин, мала островска држава крај Саудиска Арабија во Персискиот Залив, се соочува со повремени немири и инциденти по 2011 година, кога избија антивладините протести.