Mehmet Yılmaz
01 Јануари 2017•Ажурирај: 01 Јануари 2017
БУДИМПЕШТА (АА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан го осуди синоќешниот терористички напад во Истанбул и рече дека Унгарија ѝ придава големо значење на борбата што Турција и Турците ја водат против меѓународниот тероризам, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Орбан на својот турски колега Бинали Јилдирим му упати порака со сочувство во која изразува солидарност и сочувство со турскиот народ по синоќешниот терористички напад, во кој загинаа невини луѓе.
Орбан истакнува дека Унгарија е сојузник на Турција и дека ги поддржува нејзините напори во борбата против тероризмот како закана за светскиот мир и стабилност.
„Ние во Унгарија ѝ придаваме големо значење на борбата што Турција и Турците ја водат против меѓународниот тероризам. Овој варварска и нехуман напад дополнително ќе ја засили поддршката што мојата Влада ѝ ја дава на Турција во борбата против терористите“, порача Орбан.
Синоќа, во терористички напад во ноќен клуб во истанбулскиот кварт Ортакој, во населбата Бешикташ, загинаа најмалку 39, а повредени се 69 лица. Истрагата за нападот е во тек, како и опсежната полициска потрага по напаѓачот.