Evren Aydemir
01 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел во пораката со сочувство испратена до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, го осуди терористичкиот напад на ноќниот клуб во истанбулската населба Oртакој, јавува Anadolu Agency (AA).
„Терористите уште еднаш ја нападнаа вашата земја. Во Истанбул беше извршен напад врз луѓе кои сакаа да ја прослават Нова Година, а со тоа беа оцрнети човечките вредности. Јас го осудувам нападот и изразувам сочувство до вас. Моите мисли утрово се со загинатите, нивните семејства и пријателите“, истакна Меркел во нејзината порака.
Терористичкиот напад извршен на новогодишната ноќ, во кои загинаа 39 лица, го осуди и министерот за надворешни работи на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер.
Германскиот министер изјави дека Истанбул повторно беше жртва на страшен и крвав настан, и дека е потресен од веста која на новогодишната ноќ пристигна од Босфорот.
Министерот рече дека жртвите на кукавичкиот напад се невини и млади луѓе кои, како и милиони луѓе во светот, Новата година сакале да ја дочекаат заедно без проблеми.
„Овој настан и секој облик на тероризам, најостро го осудуваме. Со Турција сме во овиe тешки моменти“, порача Штајнмаер, кој изрази сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посака брзо закрепнување.