Aliia Raimbekova
02 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
АСТАНА (АА) - Најмалку девет лица загинаа во рушење на петкатница во покраината Караганда во Казахстан, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа во градчето Сахан, целосно се урна петкатница, при што смртно настрадаа девет лица, се наведува во соопштението на Комитетот за вонредни состојби на Казахстан.
Спасувачките екипи од урнатините извлекоа тела на девет лица, од кои три деца. Спасувачите исто така извлекоа и едно повредено лице.
Во изјава за новинарите, гувернерот на провинцијата Караганда, Нурмухамбет Абдибеков, изјави дека зградата се урнала поради експлозија на котларата.