Ali Özak
08 Јули 2017•Ажурирај: 09 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Претставниците на медиумите од Казахстан ја посетија канцеларијата на Anadolu Agency (AA) во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилмаз Јаман, регионалниот координатор на АА за Азија и Кафкас, ги пречека претставниците на медиумите од Казахстан, кој потоа ги информираше нив за домашните и странските активности на АА.
Јаман нагласи дека пред две години АА назначи новинар во Казахстан и дека продлжува со работи за основање нова канциларија таму. Тој додаде дека сакаат да ја зајакнат структурата на агенцијата во Азија.
Исто така, Јаман на медиумските претставници им рече дека вестите од Турција треба да ги следат преку АА. Како што рече Јаман, не треба да имаат влијание негативните вести и клеветничките кампањи на медиумските сервиси на терористичката организација ФЕТО.
Муријбек Женисбек, претставник на медиум од Казахстан, рече дека постои братска врска меѓу Турција и Казахстан. Тој додаде дека верува оти во иднина ќе се направат поконкретни активности меѓу двете земји, особено во областа на медиумите.
По средбата претставниците на медиумите од Казахстан разговараа со вработените на АА, и се информираа за нивната работа.