Faruk Zorlu
23 Март 2019•Ажурирај: 25 Март 2019
НУРСУЛТАН (AA) – Казахстан, денеска (сабота), официјално го преименува главниот град на земјата во Нурсултан, во чест на поранешниот претседател Нурсултан Назарбајев, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од претседателскиот Кабинет се наведува дека новиот казахстански претседател Касим Џомарт Токајев го ратификуваше предлогот за промена на името на главниот град Астана во Нурсултан.
Токајев претседателската заклетва ја положи во средата, ден откако 78-годишниот Назарбајев поднесе оставка на таа функција.
Назарбајев, кој владееше со земјата од нејзината независност, по распадот на ССР во 1991 година, е прв централноазиски лидер во постсоветската ера, кој доброволно ја напуштил претседателската должност.
Кон крајот на февруари Назарбајев ја распушти Владата на Казахстан, а како причини ги наведе недоволниот економски раст и потребата за нови реформи кои ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните.