Meiramgul Kussainova
20 Мај 2021•Ажурирај: 20 Мај 2021
НУР СУЛТАН (АА) - Војниците на Поморските сили на Казахстан и на Касписката флота при Руската морнарица одржуваат заедничка вежба во Каспиското Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Казахстан.
Се истакнува дека заедничката вежба се организира со цел заштита на елементите на економските активности кои се наоѓаат во северниот дел на Каспиското Море.
Во соопштението се наведува дека на вежбата учествуваат пет воени брода и авиони од казахстанската страна, како и ракети, бродови за истражување и пребарување мини, и реморкери за спасување од руската страна.
За време на вежбата морнарите на двете земји ќе ги реализираат задачите во рамки на воената вежба во казахстанските и руските води на Каспиското Езеро.
„Особено ќе бидат определени задачите за заштита на елементите на економските активности и ќе се истражуваат нови методи за војување“, се додава во соопштението.
Се нагласува дека вежбата ќе трае до 24 мај.