Gökhan Kavak
20 Мај 2021•Ажурирај: 21 Мај 2021
АНТАНАНАРИВО (АА) - Милион луѓе се соочуваат со криза со храна во Мадагаскар, островска земја во Индискиот Океан во Африка, поради сушата што трае веќе три години, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според Меѓународната хуманитарна медицинска невладина организација „Лекари без граници“, гладот и проблемите со храна поврзани со сушата се детектирани особено на југот на земјата.
Милион луѓе се соочуваат со криза со храна поради негативните ефекти од климатските промени.
Еден од жителите во регионот, Данис Хусеин, во изјавата за Агенција Анадолија (AA) истакна дека сушата особено негативно влијае на децата и дека се откриени многу болести предизвикани од недоволната ухранетост.
„Сушата што трае на југот на Мадагаскар веќе три години негативно влијае врз луѓето кои главно се занимаваат со земјоделство и сточарство“, нагласи Хусеин.
Посочувајќи дека луѓето што живеат во регионот се борат да преживеат, Хусеин додаде дека е потребно испраќање итна помош на регионот.