İlhan Toprak
25 Јануари 2017•Ажурирај: 25 Јануари 2017
АНТАНАНАРИВО (АА) - Претседателот на Мадагаскар, Хери Раџаонаримампианина организираше церемонијален пречек за претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој е во официјална посета на Мадагаскар.
По посетата на Танзанија и Мозамбик, претседателот Ердоган пристигна на Мадагаскар, со што ја завршува својата источноафриканска турнеја.
Претседателот на Мадагаскар, Раџаонаримампианина со официјална церемонија го пречека претседателот Ердоган во претседателската палата.
По меѓусебното запознавање на делегациите на двете земји, претседателите Ердоган и Раџаонаримампианина преминаа во претседателската палата.
По свечената церемонија за пречек, претседателите во палатата остварија билатерална тет-а-тет средба, а се одржа и средба меѓу делегациите.
На церемонијата, покрај претседателот Едоган и неговата сопруга Емине Ердоган, како членови на турската делегацијата учествуваат министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за економија Нихат Зејбекџи, министерот за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак и помошникот генерален секретар на претседателството и портпарол, Ибрахим Калин.