Hakan Çopur
25 Јануари 2017•Ажурирај: 25 Јануари 2017
ВАШИНГТОН (АА) – Во јавноста се појавија тврдења дека американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе потпише декрет што предвидува привремена забрана за влез во САД за имигрантите од повеќе држави, запирање на процесот за барање виза од Сирија и од 6 други држави, како и за градење ѕид на границата со Мексико, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите во американските медиуми, кои се темелат на некои блиски имиња од екипата на Трамп, новиот претседател денес ќе потпише декрет со кој се предвидува ограничување во издавањето визи за имигрантите, како и за градење ѕид на границата со Мексико.
Новоизбраниот претседател, кој за време на кампањата даваше изјавиви од типот: „Да не се пуштаат муслиманите во САД“, кои подоцна ги измени, велејќи дека со тоа сакал да каже „построги безбедносни процедури“, со декретот за кој постојат тврдења дека ќе го потпише, на имигрантите од повеќе држави им се забранува влез во државата на неколку месеци.
Некои медиуми тврдат дека времетраењето на зададениот период од 4 месеци, ќе се знае попрецизно откако ќе биде објавен декретот.
- Вклучени се Сирија, Иран и Ирак -
Се претпоставува дека сличен декрет Трамп треба да потпише и околу привременото суспендирање на барањата за виза од Сирија, Ирак, Иран, Либија, Судан, Сомалија и од Јемен, под изговорот дека тоа ќе трае додека не се завршат построгите безбедносни процедури.
Во некои американски медиуми се тврди дека овој процес би траел 30 дена.
За време на изборната кампања, Трамп имаше изјавено дека треба да се направи построга безбедносна контрола за лицата кои доаѓаат од муслиманските држави во кои има терористи, како и дека е можно да се донесат одредени ограничувања за визите со цел да се спречи нивниот влез во САД, додека не се направат потребните приспособувања.
- Ѕид на границата со Мексико -
Денеска се очекува Трамп да потпише декрет со кој се предвидува изградба на ѕид на границата со Мексико.
Трамп на својот профил на Твитер вчера напиша: „За утре планираме голем ден во врска со националната безбедност. Покрај големиот број проекти, ќе го градиме и ѕидот“.
Се предвидува дека по само 5 дена од преземањето на претседателската функција, Трамп ќе го исполни ветувањето дадено за време на предизборната кампања и ќе потпише декрет за изградба на ѕид на границата со Мексико, за да се спречи преминувањето на илегалните мигранти.
По свечената заклетва на инаугурацијата што се одржа на 20. јануари, првиот документ што Доналд Трамп го потпиша беше декретот со кој се поништува здравствената реформа „Обамакеар“, како што вети за време на кампањата.