Ahmet Gürhan Kartal
24 Јануари 2022•Ажурирај: 25 Јануари 2022
ЛОНДОН (АА) - Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, доби право да бара од британскиот Врховен суд да го одложи неговото испорачување на Соединетите Американски Држави (САД), јавува Агенција Анадолија (АА).
Високиот суд денес пресуди дека Асанж може да поднесе жалба до највисокиот британски суд. Партнерката на Асанж, Стела Морис, рече дека таа одлука е она што тие го посакуваат.
Американските власти го бараат Асанж поради наводен заговор по објавувањето стотици илјади документи поврзани со војните во Ирак и Авганистан, вклучително и докази за воени злосторства.
Врховниот суд, по жалбата на Асанж, ќе одлучи дали да го преземе случајот или не.
Американските власти во декември минатата година го добија спорот од Високиот суд за поништување на претходната одлука дека Асанж не треба да биде екстрадиран поради реалниот ризик од самоубиство.
Асанж, доколку биде екстрадиран во САД, ќе се соочи со 18 точки од обвинението за хакирање на компјутерите на американската Влада и кршење на законот за шпионажа и со потенцијална затворска казна со години.
Минатата година беше извлечен од зградата на Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што му беше пружена заштита повеќе од седум години, и каде побара азил.
Британската полиција соопшти дека тој е приведен поради прескокнување на кауција во 2012 година и врз основа на налогот за екстрадиција од САД.