Nour Gelle Gedi,Mahmut Geldi
25 Јануари 2017•Ажурирај: 25 Јануари 2017
МОГАДИШУ (АА) - Терористичката организација Ал Шабаб ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад ова утро врз хотел во главниот град на Сомалија, во кој загинаа најмалку 12, а повредени се 25 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од безбедносните извори, нападот со автомобил-бомба се случил пред хотелот којшто се наоѓа во близина на сомалискиот Парламент.
Нападот е изведен со два автомобили-бомба, а од хотелот се слушале и истрели. Според првичните информации загинале најмалку 12 лица, а повредени се 25, меѓу кои и четворица сниматели.
Кратко по нападот, преку интернет страницата се огласи терористичката организација Ал Шабаб и ја презеде одговорноста за нападот.