Ekipa
10 Јули 2017•Ажурирај: 11 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Турција со својата геополитичка положба претставува природен мост меѓу производителите и потрошувачите на енергенти, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган имаше свое обраќање пред учесниците на 22. Светски конгрес за нафта во Истанбул и притоа истакна дека Турција се наоѓа на рутата на историскиот Пат на свилата.
„Турција ќе ја намали зависноста од странските дистрибутери на енергенти за да го осигура својот одржлив економски развој и на најдобар начин да ги искористи домашните ресурси“, рече Ердоган.
На учесниците на конгресот им се обрати и турскиот премиер Бинали Јилдирим, кој рече дека јакнењето на енергетската сигурност е важен сегмент на турската политика.
Јилдирим додаде дека Турција ѝ дава големо значење и на енергетската стабилност во регионот.
На конгресот во Истанбул учествуваа највисоки претставници од голем број земји, а учество зедоа и повеќе од 50 министри за енергетика.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама, претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, се меѓу нависоките државни претставници со коишто денеска во Истанбул се сретнаa со турскиот претседател Ердоган.