Ahmet Furkan Mercan
10 Јули 2017•Ажурирај: 10 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, се состана со американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, во претседателската резиденција во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Детали во врска со двочасовната средба не се објавени, но постојат шпекулации дека се разговарало за екстрадицијата на терористичкиот водач Фетулах Ѓулен, како и за поддршката на САД кон ПКК / ПЈД во Сирија.
ПКК/ПЈД е сириски огранок на терористичката ПКК, којашто пак е на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ. И покрај тоа, САД ја смета ПКК / ПЈД за нејзин сојузник во борбата против ДЕАШ во северна Сирија.
Анкара бара од Вашингтон да го предаде Ѓулен, кој живее во егзил во САД, кој стои зад обидот за државен удар минатиот јули.
Пред средбата со турскиот претседател, Тилерсон се состана со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.
Двајцата дипломати, за време на работната вечера дискутираа за војната во Сирија, борбата против тероризмот, како и за кризата со Катар
Претходно истиот ден, Тилсон го доби највисокото признание од Светскиот совет за нафта, најголемиот собир на претставници на нафтената и гасната индустрија и официлјални лица, кој ја започна својата конференција вчера во Конвенцискиот центар во Истанбул.
Во своето обраќање на отворањето, Тилерсон ја пофали храброста на турскиот народ во одбраната на демократијата од неуспешниот обид за воен удар на 15 јули минатата година.
„Пред речиси една година, турскиот народ, храбрите мажи и жени, се спротивставија на обидот за државен удар и ја одбранија својата демократија“, рече Тилерсон.
Конгресот, на кој Anadolu Agency е глобален комуникациски партнер, ќе трае до 13 јули.