Mahmoud Barakat
25 Јануари 2017•Ажурирај: 25 Јануари 2017
ХАТАЈ (АА) - Сириска опозициска група соопшти дека ја пуштила на слобода украинската двојка откако три години ги држела заробени, јавува Anadolu Agency (AA).
Украинските државјани со иницијали О.М (43) и Н.М (38) во 2013 година наводно илегално влегле во Сирија. Тие конечно се ослободени на почетокот од оваа недела, во сирискиот северозападен град Идлиб, главно благодарение на напорите на турската хуманитарна организација ИХХ.
Се смета дека украинската двојка првобитно била заробена затоа што дел од припадниците на сириската опозициска група се сомневале дека тие се руски државјани.
Останува нејасно дали украинската Влада презела какви било чекори за да го обезбеди нивното пуштање на слобода. Се очекува двојката наскоро да се врати во Украина.