Barış Gündoğan
08 Јули 2017•Ажурирај: 09 Јули 2017
ХАМБУРГ (AA) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска по Самитот на лидерите на Г20 во Хамбург, порача дека обвиненијата на сметка на Катар се неправедни, а санкциите погрешни, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган по Самитот на лидерите на земјите на Г20 одржа конференција за новинари во Хамбург на која се осврнна на своите активности во текот на самитот, и одговараше на новинарски прашања.
„Обвиненијата на сметка на Катар ги сметам за неправедни. Исто така, мислам дека санкциите се погрешни. Како и на било која друга земји во светот, потребно е да се почитува и суверенитетот на Катар. Како што и претходно кажав, во расправа меѓу браќа нема победник", порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Кога е во прашање борбата против тероризмот, Ердоган истакна дека се надева оти самитот ќе биде пресвртница врз основа на која сите ќе прифатат дека се на мета на тероризмот.
„Сакам овој состанок (Самит Г20) да биде пресвртница врз основа на која ќе прифатиме дека сите сме мета на терористите, без оглед на верата, јазикот или расата. Исто така, се надевам дека ќе успееме да спречиме финансирање на тероризмот и на тој начин ќе оневозможиме истиот тој тероризам да ни нанесе болка", порача Ердоган.
Истакна дека во текот на самитот порачал дека борбата против тероризмот кој станал глобална закана, е можна само со принципиелен, доследен и решителен став.
„Нема да оствариме напредок во борбата против терористичките организации, се додека не ги оставиме по страна двојните стандарди и додека не воспоставиме меѓународна соработка и солидарност", порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Во фокусот на претседателот Ердоган беа и припадниците на терористичката организација ФЕТО, одговорни за обидот за пуч во неговата земја, кој се случи на 15 јули минатата година.
„Милитантите на терористичката организација, кои на 15 јули минатата година се обидоа да го извршат крвавиот пуч и убија 250 наши граѓани, а ранија 2.193, земјите од Западот ги гледаат како свое сигурно пристаниште. Сакам да нагласам дека ваквата состојба ги вознемирува нашите граѓани кои на 15. јули по цена на своите животи станаа и ја заштитија демократијата", порача Ердоган.