Fatma Bülbül
09 Јули 2017•Ажурирај: 09 Јули 2017
БИТЛИС (АА) - Најмалку двајца припадници на турската војска загинаа во бомбашки напад врз воен конвој рано утринава, во источниот дел на Турција, кој го изврши терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Во моментот на минување на воениот конвој, терористите на ПКК активираа експлозив на патен правец во источната турска област Битлис.
Нападот се случи на автопатот Татван-Хизан, а во силната експлозија загинаа двајца војници, а ранет е еден цивил.
Турските безбедносни сили покренаа опсежна потрага по напаѓачите.
Сепаратистичката организација ПКК се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и во ЕУ. Покрај Турција, ПКК дејствува и во северниот дел на Ирак и Сирија, преку огранокот на ПКК, ПЈД/ЈПГ.
Станува збор за организација која подолго од три децении спроведува вооружена кампања против Турција.Таа кампања е интензивирана во јули 2015 година и во тие напади се убиени повеќе од 1.200 лица, вклучувајќи припадници на турските безбедносни сили и цивили.