Enes Kaplan,Aliia Raimbekova
09 Септември 2017•Ажурирај: 09 Септември 2017
АСТАНА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев одржаа тет-а-тет средба по официјалната церемонија за дочек во претседателската палата Акорда во Казахстан, јавува Anadolu Agency (AA).
Во делот од средбата отворен за медиумите, турскиот претседател Ердоган рече: „Првенствено му се заблагодарувам на домаќинот за поканата. Особена чест и радост за нас претставува престојот во Астана по повод 25 годишнината од формирањето на нашите двојни врски. Казахстан го знаевме преку Алма Ата, но сега со изградената Астана, се среќаваме со еден сосема друг Казахстан. Ова е наш втор дом, се чувствуваме како дома. Со секој изминат ден се стремиме да ги зголемиме сите наши врски на полето на политиката, војската, трговијата, културата, економијата”.
Соопштувајќи дека трговската размена меѓу двете земји изнесува околу 2 милијарди долари, Ердоган истакна „Сметаме дека тоа не е доволно. Посакуваме, што е можно поскоро, забрзано да постигнеме трговска размена од 5 милијарди долари. Казахстан и Турција го имаат тој потенцијал”.
„Особено му се заблагодарувам на домаќинот за вложените напори во решавањето на прашањата од регионален карактер”, рече Ердоган.
„Самитот во Астана кој ќе се одржи на 14 септември е од големо значење. Подготовките се речиси завршени. Тука ќе се финализира. Се надевам дека преземените чекори ќе стават точка во Астана. На тој начин процесот во Женева би можел многу полесно да се одвива”, оцени турскиот претседател.
- Претседателот на Казахстан Назарбаев
Претседателот на Казахстан Назарбаев рече дека и двете земји минуваат низ тежок период и ја истакна потребата од одржување чести меѓусебни средби. „Во изминатите 25-26 години меѓу Турција и Казахстан имаше само братски односи”, зборуваше Назарбаев.
Посочувајќи дека и на претходните средби зборувале за меѓусебните врски, Назарбаев изјави: „Во моментов имаме голема соработка. Постојат проекти кои ги изведуваме заедно. Постојат регионални проблеми и други прашања кои денеска би можеле да ги разгледаме”.
Назарбаев соопшти дека заедно со претседателот на Турција Ердоган ќе земе учество на утрешниот Самит на Организацијата за исламска соработка, на кој ќе учествуваат околу 70 делегации од 57 земји.
Назарбаев потсети дека по предлог на претседателот Ердоган и претседателот на Русија Владимит Путин, во Астана продолжуваат средбите за Сирија, истакнувајќи дека следната средба е закажана за 14 септември.