Hüseyin Demirci
09 Септември 2017•Ажурирај: 10 Септември 2017
КАРС (AA) - Езерото на патки во Сарикамис во североисточната турска област Карс во текот на целата година поради природните убавини, но и различните видови птици кои престојуваат тука , привлекува внимание кај домашните и странските туристи, пишува Anadolu Agency (AA).
Оддалечени десетина километри од центарот на провинцијата Карс езерото во текот на целата година пружа можност за лов и одгледување на голем број видови птици.
Пред доаѓањето на есента на езерото може да се видат голем број патки кои своите млади ги учат да пливаат и да се исхрануваат.
Касим Гундуз работи на одгледување на риби во близина на езерото, а во разговор за АА рече дека ова подрачје е спој на природната убавина и градот.
Раскажа дека езерото во текот на целата година привлекува големо внимание со убавината која се менува во зависност од годишното доба.
„Патките кои на светот дојдоа пред околу два месеци сега учат да пливаат, јадат и летаат. И ние помагаме околу нивниот престој тука. Ги штитиме од илегалните ловци", порача Гундуз.