12 Јули 2018•Ажурирај: 15 Јули 2018
АКСАРАЈ (АА) - Езерото Туз во Турција, во близина на градот Аксарај, кое во зима е со светлосина боја, а преку лето ја менува бојата во црвена, претставува вистински природен феномен, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на Одделот за истражување при соланата „Којунџу Калдирим“, Мехмет Саит Којунџу, за АА објасни дека посебниот вид микроалги ја предизвикува оваа необична појава.
Езерото во посебни временски интервали може да биде и во темноцрвени тонови. Обилните врнежи го зголемија нивото на соленоста и го променија неговиот биотоп.
Микроалгата Dunaliella salina, која е невозможно да се види со голо око, е осетлива на ваквата промена. Оваа микроалга често се користи во козметичката индустрија и припаѓа на фамилијата халофилни зелени микроалги, организми кои се развиваат во области со висока соленост.