Necat Hazar,Emre Ilıkan
19 Јули 2020•Ажурирај: 20 Јули 2020
ВАН (АА) - Спасувачките екипи на терен ги извлекоа телата на уште двајца мигранти откако кон крајот на минатиот месец потона брод во водите на езерото Ван во југоисточна Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Спасувачките екипи на теренот и понатаму го пребаруваат езерото каде што на 27 јуни потона брод со 60 лица.
Досега од езерото извлечени се вкупно 56 тела. Во притвор се пет лица кои се доведуваат во врска со овој случај.
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, бројот на мигранти кои пристигнуваат во Турција се намалува.
Турција е клучна транзитна рута за илегалните мигранти кои имаат за цел да стигнат во Европа за да започнат нов живот. Меѓу нив голем број бегаат од судирите и војните во своите земји.