Ekipa
02 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
БАГДАД (АА) - Францускиот претседател Франсоа Оланд допатува денес во Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на еднодневната посета, Оланд во Багдад ќе се состане со ирачкиот претседател, Фуад Масум и со премиерот на земјата, Хајдар Ал Абади.
Предвидено е подоцна во текот на денот, францускиот претседател да ја посети самоуправата на северниот дел од Ирак, курдскиот регион, каде што ќе се состане со француските трупи и со локалните официјални лица.
Оваа посета се должи на борбата против терористите на ДЕАШ во акцијата за преземање на ирачкиот град Мосул.
Франција е дел од американската меѓународна коалиција формирана кон крајот на 2014 година, со цел спротивставување на есктремистите на ДЕАШ кои окупираа многу региони во Ирак и во Сирија.
Франција, како другите европски земји, беше цел на напади за кои одговорноста ја презеде ДЕАШ.