Ekipa
02 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
ТУБАН (АА) - Индонезиските власти денес ја продолжија потрагата по 17 исчезнати лица во пожарот што го зафати траектот во близина на главниот град Џакарта, при што загинаа најмалку 23 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во моментот кога избувнал пожарот, во бродот се превезувале околу 200 луѓе од пристаништето во Муара Анге во Џакарта, кон Тиндунгу на островот Серибу, кој се наоѓа недалеку од главниот град Џакарта.
Според локалните медиуми, спасувачките екипи трагаат по 17 лица , а околу 190 патници се спасени.
Директорот на Агенцијата за управување со катастрофи во Џакарта, Дени Вају, денес изјави дека повеќе од 48 преживеани се задржани во болниците.
„Тие се здобија со изгореници од различен степен. Некои од нив мораат да останат на понатамошно лекување“, изјави Дени за државното радио.
Иако истрагата за причината за пожарот е сѐ уште во тек, директорот на противпожарната бригата на Северна Џакарта, Сатриади Ѓунаван, вчера изјави дека постои можност пожарот да бил предизвикан од краток електричен спој.
Шефот на Одделот за транспорт во Џакарта, Андриансиах, потврди дека бродот имал капацитет од 259 патници и дека постојат информации оти во него во моментот на несреќата имало околу 300 лица.
Во Индонезија морскиoт сообраќај е мошне фреквентен, а морските несреќи се честа појава и се предизвикани од пренатрупаност и од лошите безбедносни услови.