Ömer Tuğrul Çam
07 Февруари 2022•Ажурирај: 08 Февруари 2022
БРИСЕЛ
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му се заблагодари на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, за неговата поддршка и личните иницијативи за изнаоѓање политичко решение за руско-украинската криза, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Столтенберг во својата изјава споделена на социјалните мрежи истакна дека имал телефонски разговор со претседателот Ердоган.
Тој нагласи дека разговарале за натрупувањата на Русија на границата со Украина.
„Му се заблагодарив за неговата активна поддршка и личните напори за изнаоѓање политичко решение“, рече Столтенберг.
Тој истакна дека ја поздравува силната практична поддршка на Турција за Украина, и дека НАТО е подготвен за дијалог со Русија.