Dmıtrı Chırcıu
16 Февруари 2020•Ажурирај: 17 Февруари 2020
МОСКВА (AA) - Едно машко лице утрово со нож ги нападна верниците во црква во центарот на Москва и рани две лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за внатрешни работи на Русија, Ирина Волк, изјави дека полицијата по потрагата уапси 26-годишен жител на Липецка Област.
Истакна и дека машко лице влегло во црквата и ранило две лица со нож. Жртвите се хоспитализирани и укажана им е лекарска помош.
Полицијата ги истражува причините и околностите на нападот кој се случи во црквата „Св. Никола“.