свет

Чавушоглу: „Треба да се спречат прекршувањата и агресијата на Хафтар“

„Ние како Турција нагласивме дека единственото решение е политичкото решение, и дека за да се постигне тоа, потребно е да се спречат прекршувањата и агресијата на Хафтар“, истакна Чавушоглу

Bahattin Gönültaş  | 16.02.2020 - Обновена : 17.02.2020
Чавушоглу: „Треба да се спречат прекршувањата и агресијата на Хафтар“

МИНХЕН (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека треба да се спречат прекршувањата и агресијата на лидерот на нелегалните сили во источниот дел на Либија, Калифа Хафтар, јавува Агенција Анадолија (АА).

Чавушоглу даде изјава на состанокот на Меѓународниот надзорен комитет за Либија организиран во германскиот град Минхен со цел постојано примирје и поттикнување на политичкиот процес во Либија.

Шефот на турската дипломатија нагласи дека постигнувањето обврзувачко примирје во Либија е важно за политичкиот процес.

„Разговаравме за тоа кои чекори ќе бидат направени во Обединетите нации (ОН) и во другите меѓународни организации. Ние како Турција нагласивме дека единственото решение е политичкото решение, и дека за да се постигне тоа, потребно е да се спречат прекршувањата и агресијата на Хафтар“, додаде Чавушоглу.

Тој истакна дека наредниот состанок на Меѓународниот надзорен комитет за Либија ќе се одржи во Рим, и рече: „Со Италијанците ќе го определиме датумот на овој состанок.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.