Zehra Nur Çelik
12 Ноември 2026•Ажурирано: 12 Ноември 2026
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го пречека пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф на маргините на самитот КОП31 во турскиот град Анталија, јавува Анадолу.
На средбата биле разгледани билатералните односи меѓу Турција и Пакистан, како и регионалните и глобалните случувања, се наведува во соопштението на Дирекцијата за комуникации на Турција.
Ердоган рече дека двете земји ќе продолжат да преземаат чекори за да им дадат нов поттик на билатералните односи, додавајќи дека ќе бидат забрзани напорите за проширување на соработката во различни области, особено во транспортот и одбранбената индустрија.
Тој рече дека Пактот за одбрана од Мека дополнително ја зајакнал солидарноста меѓу Турција и Пакистан, додавајќи дека двете земји ќе продолжат заеднички да придонесуваат во напорите за ставање крај на конфликтот во Иран.
Ердоган, исто така, рече дека Турција е подготвена да направи сè што е во нејзина моќ, со мирни средства, за да помогне во надминувањето на предизвиците со кои се соочува Пакистан во својот регион.
Тој му изрази сочувство на премиерот Шариф за загинатите во нападот врз полициски конвој во Пакистан.