Sümeyye Dilara Dinçer
07 Февруари 2022•Ажурирај: 08 Февруари 2022
АНКАРА
Во една студија откриено е дека само 15 отсто од крајбрежните области ширум светот останале недопрени од страна на човекот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста објавена на веб-страницата „EurekAlert“, експерти од Универзитетот „Квинсленд“ спровеле студија за да ги идентификуваат крајбрежните области кои се уништени од луѓето и областите кои никогаш не се допрени од човекот.
Во рамките на студијата подготвена е мапа за негативното влијание на човечкиот фактор врз крајбрежните области ширум светот.
Научниците открија дека 15 отсто од крајбрежната површина во светот останала недопрена од 2013 година, а најголемиот недопрен крајбрежен регион се наоѓа во Канада.
Брук Вилијамс од Училиштето за животна средина поврзана со Универзитет Квинсленд истакна дека крајбрежните области со морска трева, савани и корални гребени се областите кои имаат најголем притисок од човечкиот фактор.
„Треба да дејствуваме брзо и одлучно ако сакаме да ги зачуваме и обновиме недопрените крајбрежни области“, рече Вилијамс, повикувајќи ги владите да ги заштитат овие недопрени крајбрежни области и да ги обноват уништените.
Меѓу другото во студијата се наведува дека уништувањето на крајбрежните области претставува голема закана не само за крајбрежните живеалишта, туку и за здравјето на многу луѓе.
Деталите од истражувањето се објавени во списанието „Conservation Biology“.