Safiye Karabacak
07 Февруари 2022•Ажурирај: 08 Февруари 2022
АДЕН
Убиен новинар кој известувал за судирите меѓу владините сили и Хусите во градот Хасе во северозападниот дел на Јемен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата на својот профил на Твитер, заменик-министерот за информации на Јемен Абдулбасит ал-Каиди истакна дека новинарот, Мерван Јусуф, загинал додека ги следел судирите во областа Харад во градот Хасе.
Каиди наведе дека упатиле сочувство до семејството на Јусуф.
Хусите сѐ уште не дадоа информации во врска со убиството на новинарот.
Јеменската армија вчера соопшти дека градот Харад е опколен од армиски сили во рамките на судирите со Хусите.
Харад, контролиран од Хусите, е еден од најважните градови во Јемен и е пристаниште од витално значење кое го поврзува со Саудиска Арабија.
Од септември 2014 година, Хусите ја контролираат Сана, главниот град на Јемен, и некои региони. Коалициските сили предводени од Саудиска Арабија, од март 2015 година ѝ даваат воздушна поддршка на јеменската Влада во борбата против Хусите, а спроведените воздушни операции предизвикуваат масовни убиства на цивилите.
Се наведува дека во Граѓанската војна во Јемен, каде конфликтите продолжуваат непрекинато во многу региони, до почетокот на 2022 година животот го загубиле 377.000 луѓе, а предизвикана е економска штета од 126 милијарди долари.