Dmitri Chirciu
18 Февруари 2020•Ажурирај: 19 Февруари 2020
КИЕВ (АА) - Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, нападот на руските вооружени елементи во некои населени места во Донбас го оцени како провокација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зеленски одржа прес-конференција по состанокот на Националниот совет за безбедност и одбрана.
Украинскиот претседател нагласи дека во некои населени места во Донбас настанале судири.
„Нашата војска силно одговори против извршената провокација. Сигурни сме дека оваа провокација нема да го смени разбирањето во насока на ставање крај на војната и осигурување на мирот“, рече Зеленски.
Заедничкиот оперативен центар при Вооружените сили на Украина претходно соопшти дека во некои населени места во Донбас, како Новотошковск, Орехово, Кримск и Хутор Волниј, настанале судири.
Се соопштува дека во овие судири загинало едно лице припадник на украинските сили, додека четворица биле повредени.