Magdalene Mukami
19 Септември 2021•Ажурирај: 20 Септември 2021
МОГАДИШУ (АА) - Терористите на „Ал Шабаб“, група поврзана со терористичката организација „Ал Каеда“, денес предизвикаа силна експлозија на аеродромот во централна Сомалија, при што едно лице загина, а со земја беа срамнети објектите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пратеникот од подрачјето на Хиран, Мухамуд Бенебене, го потврди нападот на аеродромот „Була Бурте“, и рече дека ова е вторпат терористите да го нападнат неодамна обновениот аеродром, кој има стратешка локација.
Бенебене сподели фотографии од аеродромот на кои се гледаат објекти целосно срамнети со земја, а некои на работ на уривање.
Терористичката организација „Ал Шабаб“ стоеше и зад нападот со камион бомба во октомври 2017 година во сомалиската престолнина Могадишу, во кој загинаа околу 600 лица, што е најголемиот терористички напад во историјата на оваа земја на Рогот на Африка.